Една жена се преправала дека е мртва откако црна мечка ја нападнала и гризнала за вратот на само неколку километри пред да стигне на целната линија на еден американски маратон. Карен Вилијамс била нападната од мечка во националниот резерват Валес Калдера во Ново Мексико, откако ненамерно ги вознемирила мечката и нејзините три младенчиња. Тогаш забележала дека мечката трча кон неа.

mc

„Ми скокна. Ги ставив рацете над главата и таа почна да ми ги гризе. Јас вриснав бидејќи ме заболе“, раскажала Вилијамс. „Не ѝ се допадна моето врискање па ме удри по главата со левата шепа.“ Тогаш мечката ја гризнала за вратот и почнала да ја тресе. Сфаќајќи дека единствената надеж да преживее ѝ е да се прави мртва, таа останала совршено мирна во текот на десеттина минути, додека мечката да си замине. „Се преправав дека сум мртва, а таа постојано ме погледнуваше“.

Триесет минути по нападот, жената била најдена од други тркачи и со хеликоптер била однесена во најблиската болница. Таа претрпела серија гризнувања и гребаници, како и други повреди по целото тело кои не биле опасни по нејзиниот живот.

„Ми фали добар дел од веѓата, поради што веројатно ќе морам на пластична операција“, вели таа.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено