Една жена, наводно, се самоубила откако нејзиниот сопруг го одложил шопингот за еден ден. Дипак Двиведи во сабота и рекол на својата сопруга, Дипика дека нема да може да оди на шопинг со неа тој ден и побарал да одат во недела. Тогаш неговата 23-годишна сопруга толку се вознемирила што се заклучила во нивната спална соба во нивниот дом во Лакхнау во северната индиска држава Утар Прадеш.

Тој спиел во ходникот и наредното утро кога видел дека Дипика сè уште не ја отворила вратата, ја скршил вратата и го пронашол нејзиното мртво тело. „Роднината на Дипика ќе се мажи следниот месец и таа сакаше да оди на шопинг за свадбата. Во сабота Дипика побара од мене да ја однесам на шопинг, но имав многу работа во канцеларијата и затоа го одложив шопингот за наредниот ден. Таа многу се вознемири. Таа толку беше вознемирена што кога се вратив дома од работа ја заклучила вратата од спалната соба.“, изјавил Дипак.

Дипак, државен службеник во одделот за образование на локалната самоуправа, се оженил со неговата сопруга пред една година и живееле со неговиот брат и родители. Полицискиот службеник Кант Тану Упадјај рече дека семејството на мртвата жена не тврди дека Дипика била малтретирана или убиена од нејзиниот сопруг или пак неговите роднини, но по убедување од полицијата се согласиле да дозволат да се направи аутопсија. Резултатите сè уште не се достапни.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено