Дали некогаш сте се загрижиле дека вашите предмети би можеле да бидат украдени за време на безбедносните проверки? Оваа патничка во Кина прилично се загрижила. Една жена инсистирала да се качи во скенер за багаж заедно со нејзината чанта, на железничката станица, бидејќи се плашела дека ќе и ја украдат.

Бизарниот инцидент се случил на 11 февруари на железничка станица во Донгуан, провинција Гуангдонг во јужна Кина. Фотографиите прикажуваат жена, која сè уште ги носи чевлите со високи потпетици, како клекнала на подвижната лента за време на проверката. Во видеото се гледа како жената излегува од машината.

Потоа ја проверила чантата и куферот пред да го напушти контролниот пункт. Инцидентот се случи кога милиони Кинези ги пакуваат своите торби за да си одат дома за претстојната лунарната Нова Година, која се паѓа на 16 февруари. Трасата на лунарната Нова Година, наречена најголема годишна миграција на човекот, започна на 1 февруари низ Кина. Околу 390 милиони луѓе се очекува да патуваат со воз во период од 40 дена.

Сподели на Facebook
пати видено