Жена од Англија објавила во Фејсбук група дека сака да продаде 4 монети од по 50 пени за 1 фунта. Првин интернет корисниците почнале да ја исмејуваат поради математичката нелогичност бидејќи самите монети се во вредност од 2 фунти.

Еден од корисниците дури и се обидел сликовито тоа да ѝ го претстави, но упорната жена му кажала дека сака да „направи добра зделка за луѓето“ и бидејќи има 2 исти монети смета дека тие имаат „иста вредност“ како една. Сепак бегањето од часови по математика не ѝ е најфаталната грешка што ја направила.

Таа ставила на продажба две монети од Питер Зајакот, една монета Џереми Фишер и еден Том Кит, од кои сите се легални. Овие монети имаат прилично поголема колекционерска вредност од 1 фунта. Особено вредна е монетата од Питер Зајакот која на аукции почнува од над 2.000 евра и достигнува цени над 5.000 евра, а таа имала 2 такви.

Еден од корисниците дури и ѝ истакнал дека оваа година таква монета била продадена за 5.000 евра, но очигледно жената не можела да ги разбере. Голем број на луѓе оставиле исмејувачки и саркастични коментари на објавата на жената, која напишала дека ќе ги исклучи коментарите и ќе си ја продаде колекцијата по понудената цена.

Сподели на Facebook
пати видено