72-годишната Ен Роџерс била присилена да пие вода од бара за да остане жива откако се изгубила во Аризона. Роџерс, која возела од Тусон до Феникс за да ги види своите внуци, се изгубила откако се обидела да мине преку Белите Планини и ѝ снемало гориво среде пустелија.

Неколку дена се хранела со храната за итни случаи која ја чувала во својот автомобил, но кога тоа се потрошила, морала да почне да бара друг извор на храна. По девет дена била спасена, благодарение на пилот кој го забележал нејзиниот натпис „Помош“, кој таа го направила со помош на гранки и камења. И покрај изложеноста на лошите временски услови, таа била во добро здравје.

Сподели на Facebook
пати видено