„Љубовната приказна“ започнала оваа година во мај, кога во мај 2018 година Ешли Кеистер била уапсена од полицијата. Во тој момент 27-годишната девојка се вљубила во полицаецот кој ја уапсил и почнала да му праќа по 20 пораки на ден.

Полицаецот решил да реагира и таа потпишала договор дека повеќе нема да го вознемирува. Сепак, тоа било само на хартија.

Пред неколку дена Ешли се јавила во полиција наводно за да „пријави проблем“ со надеж дека нејзиниот „сакан“ ќе дојде во нејзиниот дом. Но бидејќи на терен биле испратени други полицајци, Ешли прилично се вознемирила. Таа чекала полициската станица да биде празна и во 00:45 провалила во неа.

Во видеото може да се види како таа ја „демолира“ станицата со надеж дека полицаецот, кој го демнела ќе дојде и повторно ќе ја уапси. Ешли се соочила со две точки за институционален вандализам и криминално зло. Таа исто така била обвинета за тежок напад, провала, омаловажување, вознемирување и несоодветно однесување.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено