Момчето на жена која потрошила над 17.000 евра за пластични операции ја моли да престане бидејќи добива „премногу внимание од мажите“.

21-годишната менаџерка на салон Серена Смит вели дека секогаш сонувала да изгледа како Бритни Спирс, Парис Хилтон и Памела Андерсон – но отсекогаш чувствувала дека „изгледа премногу обично“.

Ова нејзино верување предизвикало младата девојка од Торонто, Канада, да потроши 17.000 евра на повеќе операции, вклучувајќи силикони во гради, полнила за усни и ботокс. Скапата навика на Серена започна во декември 2016 година, кога тогашната 18-годишна девојка реши да добие силикони во гради што ја зголемило нејзината големина на градник од 32A на 32DD – за повеќе од 7.000 евра.

Таа вели дека уште од мала била опседната со пластичната хирургија и постојано гледала такви емисии и документарци. Серена вели дека таа била свесна дека си има и природна убавина, но тоа не било доволно за неа бидејќи била „обична и досадна“.

Во април 2018 година, Серена стапила во врска со Тајлер. Таа вели дека тој ја убедува да престане со операциите и дека веќе е доволно „убава“, но според неаа тој го вели тоа затоа што е љубоморен на вниманието кое девојката го добива од другите мажи.

Таа вели дека не планира да престане и сака поголеми силикони во гради, повеќе филери за усни, кревање на веѓите, уредување на јаболчниците, задникот и половината.

Сподели на Facebook
пати видено