Една жена дознала дека не е биолошка мајка на нејзините деца. Ова се случило откако се разделила од нејзиниот сопруг додека била бремена со нејзиното трето дете. Потоа Лидија Фејчајлд морала да се бори на суд за да докаже дека децата кои ги родила се нејзини, а не киднапирани – докажувајќи дека е „химера“ и дека во себе носи два различни вида ДНК – при што едниот е од нејзината неродена близначка.

Луѓето со ваква состојба имаат две крвни групи. Така, кога Ферчајлд аплицирала за социјална помош во државата Вашингтон, ДНК тестот покажал дека таа не е мајката. Се смета дека приближно едно во секои осум породувања започнуваат како близнаци, но понекогаш клетките од пометнатиот близнак се апсорбирани од преживеаниот близнак.
„Знам дека ги носев, и знам дека ги родив. Нема никаков сомнеж за тоа“, изјавила Ферчајлд. Наводно од социјалното ја обвиниле за измама и нелегално старателство. Таа тврди дека од социјалните служби ѝ кажале: „Знаеш, ние можеме во секое време да дојдеме и да ти ги земеме децата.“
„Ќе седев и ќе вечерав со моите деца и едноставно ќе се расплачев. Тие ќе ме погледнеа прашувајќи се што не е во ред. Ќе ме гушнеа, а јас не можев да им објаснам, бидејќи и јас не разбирав“, вели Ферчајлд.
Дури и кога се пораѓала со нејзиното трето дете, владин службеник бил присутен на раѓањето, но и тогаш не ѝ верувале, бидејќи сметале дека е сурогат мајка и дека носела нечие друго дете. По три судски сослушувања, нејзиниот адвокат дознал за уште еден сличен случај во кој ДНК на мајката не се совпаѓала со таа на детето, поради феноменот „химера“. Било наредено да се изврши нов тест, кој потврдил дека таа го има тоа нарушување, по што обвиненијата биле повлечени. Повеќето луѓе со оваа состојба не се ни свесни за тоа. Понекогаш детето химера има различна боја на очите или има специфични дамки на кожата.

