За хуманите луѓе километрите не значат ништо. Една Британка отишла дури до Јужна Кореја за да спаси еден живот. Рафи Сахин, од Лондон, барала да посвои напуштено куче, но секогаш кога ќе ѝ се допаднело некое некој друг го посвојувал пред таа да дојде до него.

Еден ден, 33-годишната работничка за ментално здравје и студент на универзитет читала статија за фестивалот за месо од кучиња „Јулин“ во Кина, а овој начин таа дошла до нејзиниот пријател.

Статијата ја однела на веб-страницата на CARE – корејска организација која спасува кучиња кои преживуваат трговија со месо од кучиња. Таму таа се заљубила во Џиндол. Тој бил пронајден на улица со исечени нозе од некој касап, прегладнет и преплашен од луѓето.

Така таа ја контактирала организацијата, а тие не можеле да поверуваат дека некој сака од толку далеку да посвои куче со инвалидитет. Сепак, по шестмесечните вакцинации, здравствени прегледи и инспекции, Рафи го однела дома.

Откако го земала од Јужна Кореја Рафи го носела на различни специјалисти, бидејќи тој имал постојани проблеми со ампутираните нозе, инфекции и слично.

Но, таа не се откажува, собира и пари за да му се обезбедат соодветни протези со цел да не чувствува болка. Рафи која има уште две кучиња вели дека сите 3 се сложуваат одлично, иако Џиндол на почетокот бил премногу повлечен.

Сподели на Facebook
пати видено