Фармерот Сентамарај и неговата 45-годишна сопруга Јајанти пристуствувале на фестивал во храм, во селото Турамола, Индија. Јајанти кажала дека мора до оди до тоалет и излегла од храмот. Кога ја немало повеќе време, 55-годишниот сопруг се загрижил и тргнал да ја бара.

Тој ја пронашол сопругата во „загрозувачка положба“ со друг селанец по име Дачанаморти. Во бес тој ги зграпчил двајцата и им кажал дека че ги обелодени нивните „забранети односи“ јавно. Но, додека се бореле на Сентамарај му паднало платното кое му го покривало долниот дел од телото.

Стравувајќи дека таа и нејзиниот љубовник ќе бидат нападнати од селаните Јајанти му одгризала парче од пенисот на нејзиниот сопруг и избегала со љубовникот. Поради бучавата на фестивалот крикот на Сентамарај не бил слушнат. Тој почнал обилно да крвави, но за среќа бил виден од други луѓе и тој и одгризаниот дел од пенисот биле однесени до најблиската болница.

Моментално тој е во стабилна состојба, а полицијата веднаш наредниот ден успеала да ја пронајде Јајанти преку мобилниот на нејзиниот љубовник. Таа го признала делото и е обвинета за обид за убиство.

Сподели на Facebook
пати видено