Луѓето секогаш можат да не изненадат со својата несебичност и добрина. Една жена од Бахамите засолнила скоро 100 кучиња скитници во нејзиниот дом за да ги заштити од ураганот Доријан.

Чела Филипс, менаџер на „Безгласните кучиња на Насау“, Бахамите, им овозможи засолниште на 97 кучиња.

„97 кучиња се во мојата куќа и 79 од нив се во мојата главна спална соба. Беше лудо уште од минатата ноќ, измет и урина насекаде, но барем го почитуваат мојот кревет и никој не скокна на него.“, вели Чела.

Таа знаела дека многу кучиња ќе настрадаат од ураганот кој е од категорија 5 и затоа решила да помогне на колку што може. Чела веќе се грижела за над 1.000 бездомни кучиња во изминатите 4 години откако ја формирала организацијата.

Сподели на Facebook
пати видено