Една жена од Канзас, САД, посетила лекар затоа што не можела повеќе да ја поднесува водата во увото која никако не исчезнувала.

Процедурата пребало да ѝ ја направи медицинска сестра, бидејќи била рутинска, но Сузи Торес успеа да ја шокира жената и останатите медицински лица.

По проверката медицинската сестра открила дека има инсект во увото. Сузи вели: „Таа истрча и рече дека ќе донесе уште неколку луѓе. Потоа рече ‘Мислам дека имаш инсект во увото’. Потоа се врати и ми кажа дека е пајак. Земаа неколку алатки ја направија својата магија и го извадија.“

Лекарите подоцна ја известиле Торес дека всушност станувало збор за многу отровен кафеав пајак кој се криел во нејзиното уво. За среќа, по прегледот, лекарите можеле да потврдат дека таа не била каснала од опасното суштество.

Каснување од ваков пајак може да резултира во чешање, болка во мускулите, зголемено потење, главоболки, гадење и треска, велат во Центрите за контрола и превенција на болести. Се препорачува веднаш да се посети лекар доколку некој е гризнат од овој пајак.

Иако Сузи не знае кога и како пајакот влегол во нејзиното уво таа вели дека сега презема мерки да ги заштити ушите додека спие.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено