Данет Глиц, од Штургис, Јужна Дакота почнала да чувствува болка во грбот и на двете страни од стомакот на почетокот на овој месец.

Бидејќи претходно имала камења во бубрег, таа мислела дека ги препознала симптомите и претпоставувала дека станува збор за истиот проблем.

Се обидела да продолжи да се однесува како ништо да не се случило, но болката била преголема и таа можела само да лежи. Данет додава дека ја болело при секој потег, па дури и кога дишела.

Американката отишла во болница со намера да ѝ направат операција за да ги извадат камењата од бубрезите, но кога ѝ земале примерок од урината работите се разјасниле. Данет била бремена.

Откритието за Данет било огромен шок бидејќи не чувствувала никакви симптоми. Немало утринска мачнина, ниту пак ги почувствувала бебињата како се движат. Таа и нејзиниот партнер Остин веќе имаат две деца, но овој пат не успеала да препознае дека е повторно бремена.

Лекарите ѝ направиле ултразвук и ѝ кажале дека има две бебиња, близнаци. Таа била префрлена во друга болница, затоа што имала контракции. Кога почнала процедурата за породување со царски рез, дошло уште едно изненадување. Данет не носела две близначиња, туку тројки.

Таа и Остин добиле две девојчиња и едно момче. Имињата на децата се Блејз, Џипси и Ники. Бебињата останале уште неколку дена во болницата и сега се дома заедно со нивните изненадени родители.

Сподели на Facebook
пати видено