Една жена од Пенсилванија е уапсена откако нејзиниот сопруг ја обвини дека лажела за рак на дебелото црево за да ги измами луѓето за повеќе од 10.000 американски долари.

32-годишната Џесика Корнел Смит креирала страница на GoFundMe и Фејсбук на почетокот од оваа година, раскажувајќи им на луѓето дека се бори со трошоците кои се создале од патувањето, грижата за деца и самата борба со болеста.

Страницата GoFundMe креирана во јуни покажува дека таа собрала 4.600 американски долари откако тврдела дека и е дијагностициран наследен колоректален карцином на неполипоза и објавила фотографија со избричена глава. Но, од социјалните мрежи собрала уште многу пари кои биле наводно за нејзиното лекување.

Но, мајката конечно беше задржана во притвор во понеделникот по повеќемесечната истрага од страна на полицајци, која започна во јуни кога еден пријател се посомневал во искреноста на Џесика. „Таа беше многу нејасна во врска со нејзината дијагноза и третман и навистина сугестивни фотографии, како селфи на подот на бањата, ‘за да се откаже од животот’, но исто така ве молам донирајте и на мојот GoFundMe.“, објаснува пријателот од средношколски денови Тери Колман.

Смит тврдеше дека била третирана од специјалисти за онкологија во Центарот за рак Абрахам во болницата на Универзитетот во Пенсилванија. Точното име на објектот е Центарот за рак Абрамсон.

Сопругот на Смит обезбедил доказ дека нејзиното здравствено осигурување не можело да надмине 1.250 американски долари и покрај тврдењето дека достигнало 15.000 американски долари. Не се знае дали тие се разделени. Истиот ден лажела дека нејзиниот татко починал и на својот работодавец – компанија за противпожарна заштита од округот Честер – му дала посмртница кои не се совпаѓаат со неговото име. Секако нејзиниот татко е жив и здрав.

Инспекторите ја обвинуваат дека лажела дека работи како медицинска сестра во Пен Медицина. Инспекторите изјавиле дека таа дури фалсификувала потпис од доктор во установата за потврда во која се наведува дека има карцином на дебелото црево и тумори. Таа во септември на полицијата ѝ дала документ кој наводно ја докажувал нејзината хемотерапија и дека ѝ биле отстранети 16 инчи од дебелото црево. Сепак, полицијата открила дека таа имала само трансфузија на железо за анемија.

Џесика е обвинета за кражба преку измама и лажни информации и моментално е пуштена со кауција, но нејзиното судење продолжува.

Сподели на Facebook
пати видено