Жена која не се појавила на договореното рочиште на суд се обидела да се „сокрие“ од полицијата од корпа за алишта, откако тие влегле во нејзиниот стан. Полицајците биле испратени во станот на жената откако таа не се појавила на суд.

Исто така полицијата напишала објава на Твитер каде што ги опишуваат способностите за „криенка“ на жената, откако била уапсена.

Исто така успеале да направат и фотографија од комичниот настан, кој вака го објасниле на Твитер: „Жена лоцирана и уапсена затоа што не се појавила на суд. Се беше во ред и добро кога кажа ‘Ќе се предадам во понеделник.’Требаше да се појавиш минатата недела кога ти беше речено! Таа дури се обиде и да се скрие кога не виде, но не е воопшто добра во криенка.“

Сподели на Facebook
пати видено