Доброто и злото, среќата и тагата, се мешаат во светот, а секој од нас добива по малку и од двете. Американката Беки Тјурни го изгубила нејзиниот син. Во тие тешки времиња таа била подржувана од нејзиниот сакан, Кели, а две години подоцна се согласила да стане негова сопруга.

На свадбата, младоженецот ѝ дал еден посебен подарок, поради кој никој не можел да ги задржи солзите.

Тристон, синот на Беки, загинал во сообраќајна несреќа во 2015 година, кога имал само 19 години. Срцето на починатиот било пресадено во друг човек. Беки никогаш не го видела, само еднаш зборувала со него на телефон.

На свадбената церемонија, Беки побарала да остават еден празен стол – за нејзиниот син. На столчето бил поставен знак, на кој било напишано: „Не можеш да ме видиш, но јас сум со тебе мамо“.

Додека сите се подготвувале за свадбата, идниот сопруг на Беки кроел други планови. На церемонијата Беки го запознала „пријателот на младоженецот“ кој таа никогаш порано не го видела, 21-годишниот Џејкоб Килби.

Џејкоб бил момчето на кое му го пресадиле срцето на синот на Беки, Тристон. Тој допатувал од Њу Џерси до Алјаска за да биде со Беки на нејзиниот специјален ден и повторно да чуе како чука срцето на нејзиниот син. Беки не можела да ги спречи брзите емоции кога ставила стетоскоп на градите на момчето.

Невестата била шокирана и среќна, а присутните не можеле да престанат да плачат. За приказната дознале илјадници луѓе ширум светот, бидејќи ги оваа неверојатна приказна ја меша љубовта со тагата.

Сподели на Facebook
пати видено