26-годишната Жоу Веи, од Кина, патувала со автобус заедно со нејзиниот сопруг, кој нивната дестинација за меден месец. Во одреден момент пред нив на автопатот се случила ужасна сообраќајна незгода и два автомобили биле во пламен. Но, ова не ја исплашило Жоу, која работи како медицинска сестра и таа како вистински суперхерој тргнала во акција.

Жоу и уште еден човек од автобусот успеале да извадат 4 луѓе од автомобилите, а веднаш потоа, бидејќи била единственото лице на местото на настанот со медицинско познавање, им укажала прва помош.

Додека таа им укажувала помош, автомобилите целосно експлодирале. Сите 4 лица подоцна биле префрлени во болница.

Младата жена вели дека го направила тоа бидејќи е нејзина должност да спасува животи. Таа е медицинска сестра во болницата Црвениот крст на Шимен во Чангде во провинцијата Хунан во јужна Кина.

Приказната за храбрата жена веднаш се проширила низ Кина и светот и сите имаат само пофални зборови за неа. Фотографиите од Жоу ги објавил нејзиниот сопруг кој ја опишал како неговата „храбра и прекрасна жена“.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено