Животот на Џули Акинс се сменил во 2016 година. Откако одреден период живеела со бездомници ја добила идејата наречена „Возила за промена“.

Како хонорарна новинарка, таа се впуштила во патување во август пред две години за да ги проучи приказните на бездомните луѓе. за нејзината книга „One Paycheck Away“.

Среде многуте лица таа се запознала со 7-члено семејство кое живеело во стар училишен автобус. Седиштата биле искинати и заменети со подови, со душеци, на цеквите имало закачено облека, а имало и полица со книги. Во автобусот немало тоалет, туш или пак кујна.

58-годишната Акинс го запознала семејството додека таткото бил во болница. Тој се разболел пред да го заврши реновирањето на автобусот. Така таа решила да ја основа организацијата „Возила за промена“, откако се запознала и со други семејства во иста ситуација. Таа сега ги претвора обични стари училишни автобуси во скромни домови за живот.

„Тие сакаат да имаат место за живот кое можат да го наречат свое, кое е безбедно. И сакаат да бидат мобилни, за да можат да добијат подобри работни места.“, вели Џули.

Непрофитната организација била основана пред 18 месеци, а само 9 месеци подоцна првото семејство се вселило во модифицираниот училишен автобус. Џули со помош на донации и свои средства ќе продолжи да се труди да помогне на што е можно повеќе семејства.

Сподели на Facebook
пати видено