Една млада мајка од Кина си ги продала своите 2 сина, близнаци, кога имале само 2 недели за 8.300 евра. Таа двете деца ги разделила и ги продала на сосема различни семејства, оддалечени едни од други 700 километри, далеку од родниот град во источна Кина.

Мајката во своите 20-ти години од парите си ги надмирила долговите на кредитната картичка и со купила нов телефон. Мајката и нејзиниот партнер се уапсени од полицијата. Бебињата се спасени и им се дадени на бабата и дедото за да бидат згрижени.

Според полицијата, жената позната по презимето Ма, откако ги родила децата немала поддршка од нејзиниот партнер и неговите родители затоа ги сметала децата за „товар“ и решила да ги продаде. Таа го продала едното момче за 45.000 јуани (5.700 евра), а другото за 20.000 јуани (2.600 евра).

Полицијата соопшти дека нејзиниот партнер Ву тогаш се појавил и побарал да го искористи профитот за да ги исплати долговите од коцкање, но Ма му кажала дека парите се веќе потрошени. Двете бебиња биле пронајдени, а посвоените семејства се согласиле да ги предадат децата во полиција, откако полицајците им ја објасниле сериозноста на прашањето.

Момчињата се дадени на родителите на Ма за да бидат згрижени. Во Кина казната затвор за трговија со луѓе може да биде и до 10 години.

Сподели на Facebook
пати видено