Некој ѕвони на вратата… Отвора бабата…
– Здраво мамо, доаѓам кај тебе на саат-два…
– Абе ти зете не си со сите? Јас не можам да те поднесам, а тој 2 саати ќе седел, уште па и без ќерка ми…
– Де мори Зорче, доста со оваа војна… аман… Ајде еве ти 500 денари, тури по една ракија, направи една салата и да замезиме како луѓе…
Бабата намуртена ги зема 500-те денари, прави салата и става по една ракија.
– И мамо, направи ми една убава вечера… еве ти уште едно петстотче, а ако немаш ништо во фрижидерот, еве ти едно илјадарче, оди до продавница и купи…
Бабата веќе насмеана:
– Зете, тебе изгледа ти паднала секирата в мед…
И трча брзо до продавницата. Купила што треба, месила баница, направила мераклиска вечера, како што е редот.
– Бабо, ајде сега земи ги овие 500 денари и оди купи ладно пиво, сладолед за десерт, а земи ми и некоја пура…
Бабата тргнува, а на зетот му ѕвони телефонот и тој вели:
– Ало, душо… Да, да. Само што ѝ ги дадов и последните 500 денари од пензијата на мајка ти. Сега ќе си дојдам дома. Не готви ништо за вечера не сум гладен.

Сподели на Facebook
пати видено