Научниците откриваат дека нов вид на луѓе отпорни на факти ја загрозуваат способноста на Земјата да поддржува живот, известува една нова отрезнувачка студија.

Истражувањето, спроведено од страна на Универзитетот на Минесота, идентификува нов вирусен сој на луѓе кои речиси целосно се имуни на формирањето на било какво знаење, оставајќи ги научниците немоќни во борбата со нив.

„Овие луѓе како да ги имаат сите способности неопходни да ги примаат и обработуваат информаците“ вели Дејвис Логсдон, еден од научниците кои придонеле за студијата. „А сепак, тие развиле некакви одбранбени механизми коишто тие нивни способности ги оставаат неактивни.“

„Уште позагрижувачко е тоа што како што фактите го зголемуваат својот број, нивниот одбранбен механизам против нив станува уште помоќен“, додава тој.

Иако научниците немаат јасно разбирање за механизмите кои овие фактоотпорни луѓе ги спречуваат да апсорбираат податоци, тие теоретизираат дека тие можеби оваа нивна чудна способност за пресретнување и отфрлање на релевантните и објективни иинформации ја развиле во аудиторниот нерв на мозокот.

Потврдувајќи ги мрачните проценки на студијата, Логсдон сѐ уште негува надеж дека заканара од фактоотпорните луѓе во иднина ќе може да се ублажи. „Нашето истражување е првично, но сосема е можно дека тие ќе станат поприемчиви на фактите, штом еднаш ќе се најдат во животна средина без храна, вода и кислород“, вели тој.

earth_danger

Сподели на Facebook
пати видено