Ова е трогателниот момент во кој стадо на слонови се собира околу нивниот водач за да му оддадат последна почит. Снимките ги прикажуваат животните кои го опкружуваат трупот на брегот на езерото во близина на резерватот Калавава во Шри Ланка.

На видеото можат да се видат 10-тина слонови, но очевидци тврдат дека во текот на денот до мртвото тело се собрале околу 300 слонови. Некои од слоновите ги користат своите сурли за да го милуваат паднатиот џин, кој бил убиен од ривал. Истражувачите откриле дека слоновите, како луѓето, тагуваат за мртвите со тоа што често ги посетуваат нивните гробови, „ги бакнуваат“ нивните тела со сурлите и се лулаат напред-назад од тага.

Но, додека луѓето обично ја искажуваат својата болка за пријателите и семејството, слоновите жалат поради смртта и на познаник, според студијата на Оксфордскиот универзитет во 2006 година. Според истото истражување слоновите покажуваат сочувство кон болните и оние на смртна постела, обидувајќи се да им помогнат да оздрават.

Сподели на Facebook
пати видено