Дали знаете колку време е потребно за да се распадне едно пластично шише? До 1000 години. А само во Америка годишно се продаваат над 50 милијарди пластични шишиња со вода и други пијалоци. Доколку не почнеме да се грижиме за нашата животна средина поодговно, нашата прекрасна сина планета наскоро би можела да стане една огромна топка ѓубре. Со таа цел, исландскиот дизајнер Ари Јонсон изнашол едно интересно решение.

Тој смислил начин како да се прават шишиња направени од алги, 100 проценти природни и биораспадливи. Овие шишиња го задржуваат својот облик сѐ додека се полни, а кога ќе се испразнат започнувааат да се распаѓаат. Ари го изложил својот проект за време на овогодинешниот фестивал ДизајнМарч во Рејкјавик. Да се надеваме дека големите производители ќе го забележат неговиот пронајдок.

ss01 ss02 ss03 ss04 ss05 ss06 ss07

Сподели на Facebook
пати видено