Затворот во Аризона соработува со локално засолниште за животни, за да овозможат рехабилитација истовремено и за затворениците и за животните. Мал тим од жени, затворенички, соработува со единицата Марикопа, задолжена за безбедност на животните.

Програмата е наменета да се спасат и рехабилтираат злоупотребуваните животни од лошите услови во кои се наоѓале. Но рехабилитацијата оди многу подалеку од помагање на малтретирани животни.

„Овозможуваме рехабилитација не само за животните, туку и за затворениците,“ вели Вилијам Сибол, полицаец задолжен за овој проект. Една затвореничка, 35-годишната Кристина Хазелет, имала мачки и птици за миленици кога била дете, но не знаела многу за кучињата се додека не почнала да ја служи казната од неколку месеци, за поседување на дрога.

Овој поранешен машки затвор од 2000 година функционира како засолниште за животни. Откако тука животните ќе научат да се социјализираат, понекогаш полицајците ги носат во други затвори за да можат да се дружат со затворениците.

„Добивам многу од ова. Ова е многу терапевтски и за мене и тоа е неочекувано пријатно изненадување,“ вели Кристина.

Друга затвореничка, 31-годишната Обри Херера, која служи казна за кражба и поседување на дрога, вели дека оваа програма ја научила на трпение. „Овие кучиња се затворени исто како и ние. Не се разботи за нас, туку за кучињата да бидат згрижени и сакани. Тие треба да знаат како изгледа да си сакан,“ објаснува Обри.

Сподели на Facebook
пати видено