Ова е добро познат проблем кај луѓето и живтоните во богатите земји: преголемата употреба на антибиотици, кои сега се достапни и ефтини како фластери, се зголемува ризикот бактериите да станат опасно отпорни на лекарствата. Сега тоа се пренесува и во земјите во развој.
Новите податоци сугерираат дека преголемата употреба на антибиотици во погорните слоеви на општеството во земји како Индија, Виетнам, Белорусија и Кенија се зголемува, па така и нивната побарувачка за антибиотици.
Истражувачите собрале податоци за отпорните бактерии и употребата на антибиотици од повеќе земји, и тоа го прикажале на мапи коишто ја прикажуваат оваа криза низ земјите во светот.
Сега се работи за глобален проблем, а особено со бактериите како Ешерихија коли, бактерија која се наоѓа во валканата вода и во несоодветно термички третираната храна, и особено во Индија, кадешто антибиотиците од неодамна станаа многу популарни. Во меѓувреме, во земјите како Шведска и Данска, чиишто граѓани се информирани за штетноста на преголемата употреба на антибиотици, стапката на отпорност е речиси еднаква на нула.