Брајан Свенсон од Јута, САД се преселил пред три години во Кенија, заедно со својата сопруга и трите деца. Тие отвориле сала за фитнес во Најроби, главниот град на Кенија.

Тие се возеле на во близина на Маи Махиу, заедно со нивен пријател, кога го доживеале најстрашниот момент во животот.

Одеднаш на запуштениот, земјен пат, пред возилото на Американците се појавуваат бандити вооружени со мачети и почнуваат да го бркаат возилото на Брајан. За среќа Брајан брзо реагира, ги затвора прозорците и почнува да вози во рикверц, а потоа и право по патот за да им избега.

Од неговиот пријател на задното седиште може да се слушне дека убијците со мачети уште ги следат. Сѐ до моментот кога доаѓа полицијата и употребува огнено оружје. Брајан објаснил дека пред да бидат пресретнати од разбојниците по патот сретнале двајца полицајци, кои подоцна тргнале по вооружената банда.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено