Ренди Манаосис и неговата невеста Џенифер само што го кажале судбоносното „Да“ и се припремаат да го почнат нивниот прв танц, доживуваат прилично непријатно изненадување заедно со нивните гости.

Додека среќните младенци се движеле кон подиумот во еден момент местото го погодило тајфун. Иако сите биле преплашени од случката, успеале брзо да реагираат и да се засолнат, така што немало повредени. 29-годишниот младоженец изјавил дека тие не очекувале ова да се случи и дека многу му е жал за стравот кој го претрпеле нивните гости.

Тајфунот за среќа нанел само материјална штета од скршени прозорци и скинати електрични кабли. Но, веќе наредниот ден неговиот удар бил поголем и тајфунот Мангхут нанел штета на милиони луѓе и го одземал животот на најмалку 25.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено