Русија и сѐ е можно! Токму кога помисливте дека Русите не можат повеќе да ве изненадат се случува ова.

Една мачка која била осомничена за шверц на дрога и требала да служи како главен доказ, избегала, а обвинителите се обиделе да направат друг криминал и да ја заменат со нова, но и тоа не им успеало и сега судскиот процес запрел.

Мачката скитник која живеела во руска казнена колонија – обичен вид затвор во Русија – во градот Тула во регионот на Тула била повеќе од обично милениче за затворениците. Се верува дека еден од осудените лица во затворот, идентификуван како Едуард Долгинцев, ја користел мачката како мазга за дрога и затоа обвинителите решиле да го користат животното како доказ на суд.

За да се осигураат дека нема да им избега пред судењето власите ја ставиле мачката во кафез „мачешки затвор“ минатата година и таму ја чувале. Кога дошло време за судењето и адвокатот отишол да ја земе мачката луѓето кои требале да се грижат за неа му кажале дека мачката избегала. Таа избегала пред некое време, но тие немале храброст да му кажат на обвинителството.

Така е! Мачката не само што извршила криминал туку и успеа да се извлече со тоа! Но, наместо да признаат дека ја изгубиле мачката, адвокатот и обвинителството смислиле уште посмешен план. Да однесат на суд нова, слична мачка и да се надеваат дека одбраната нема да забележи.

Сепак планот не им успеал и тие биле разоткриени бидејќи адвокатот на одбраната ги анализирал фотографиите од вистинската мачка-криминалец. Така судењето е одложено додека не се обезбеди доказот, а итрата мачка е во бегство.

Сподели на Facebook
пати видено