Секој со полно работно време барем еднаш мечтаел да заработи доволно пари за да се пензионира порано. Но, за Анита Дејк од Чикаго, САД, ова не било само минлива мисла – таа направила план и го спровела на дело за да може да се пензионира на 33 години и потоа да го пропатува светот. Сега поранешната адвокатка минува 11 месеци годишно посетувајќи земји како Виетнам, Јужна Кореја, Холандија и Канада.  Откако ја прочитала книгата за самопомош „Вашите пари или вашиот живот“, Дејк направила план да се пензионира на млада возраст и потоа се дала на работа тоа да се оствари. Станала адвокат речиси случајно, помагајќи ѝ на сестра си да го прегледа својот приемен тест за правен факултет. Иако сестра ѝ решила да не се запише на право, Дејк решила да го полага тестот на кој поминала одличо. По дипломирањето на Чикашкиот универзитет, работела како корпоративен адвокат со цел да заработи доволно пари да ги отплати своите студентски долгови, при што за една година успеала целосно да ги отплати.

„Кога ги отплатив долговите, чековите продолжија да пристигнуваат и јас повторно ја прочитав `Вашите пари или вашиот живот` па така почнав да ги планирам своите трошоци во споредба со моите хипотетички пасивни приходи. Прочитав многу книги за инвестиции и решив да тргнам по патеката на инвестициите, употребувајќи нешта како Вангард и Индекс Фондс. Мојата првична цел за заработка беше 450 000 долари што теоретски би ми дало 1500 долари пасивен приход месечно. Потоа се преселив во Сиднеј кадешто работев по договор, и кога договорот истече, беше природно да се замине, но и ја надминав планираната сума, заработувајќи 700 000 долари. Знаев дека со тој износ би можела да живеам сосема удобно во Чикаго, но наместо тоа решив да го задоволам својот копнеж за патување.“

Дејк патува во поголемиот дел од годината, Во последните неколку години ги посетила Австралија, Бразил, Уругвај, Шпанија, Тајланд и Виетнам. Сега е слободна од оковите на вработувањето и на себе си определила годишно да троши по 24000 долари. Неодамна ја посетила и 49-тата земја на својот список – Норвешка – и вели дека патувањето низ светот ѝ дало нови перспективи и благодарение на тоа сега сфаќа колку светот е голем, но и мал во исто време.

pt01 pt02 pt03 pt04 pt05 pt06 pt07 pt09 pt10 pt11 pt12 pt13 pt14 pt15 pt16

Сподели на Facebook
пати видено