Мартина Биг по потекло од Германија има за цел да се транформира во црнкиња. Таа во интервју за The Maury Show ја објаснила нејзината желба да биде декларирана како црнкиња.
„Јас сум црна. Тоа е мојата раса. Едвај чекам да одам во Африка затоа што слушнав дека таму храната е одлична. Подобро е да си црнкиња, внатрешното чувство е едноставно подобро. Јас сум год носител Еве како изгледала Мартина пред да стане „горд сопственик на црна кожа“.
Ако се прашувате како Мартина станала толку црна ќе ве разочараме кога ќе ви кажеме дека не е од премногу солариум. Таа ја постигнала нејзината темно кафеава боја со инјектирање на серија меланински третмани кога била во САД. Секако постојат многу луѓе кои не ја одобруваат одлуката на Мартина, на што таа вели:
„Не, не сакам никого да навредам со ова. Знам дека некои луѓе се чувствуваат нападнати, но тоа не е мојата намера. Го правам ова за себе и разговарам само со луѓе кои сакаат да разговараат за ова со мене.“
Мартина вели дека желбата за црн тен ја добила кога била мала и нејзиниот татко добил изгореници на грбот од сонцето. Тие заминале на семеен одмор со автомобил и бидејќи нејзиниот татко бил уморен од возењето заспал на плажата и се разбудил со изгореници на грбот. Тогаш неговата кожа станала темно кафеава , а Мартина посакала да има иста таква кожа.
Мартина исто така потрошила неверојатни 68.000 долари за хирургија за зголемување на градите и смета дека ги има најголемите гради во Европа. Таа дури се откажала и од кариерата на стјуардеса за да си ги зголеми градите.
„Од авио-компанијата ми кажаа доколку ги зголемам градите ќе бидам отпуштена. ‘Или ќе останеш тука или ќе ги избереш градите.’ Сега правам посебни вежби за грбот секој ден за да можам да ги издржам градите.“, вели Мартина.
Оваа „црнкиња“ има и свршеник Мајкл, кој исто така ги прима истите инекции како Мартина за и тој да стане „црнец“. Тие сметаат дека за да биде еден пар среќен потребно е сè да прават заедно.








