Сите ние имаме одредено чудно хоби, кое понекогаш и не сакаме да го споделиме со другите. но, некои луѓе одат подалеку од собирањето на поштенски марки и своето хоби го претвораат во екстремна опсесија. Том Питерс ужива во „кучешкиот живот“ и се облекува и однесува како Далматинец. Тој е дел од заедница во која сите нејзини членови се маскираат во кучиња и живеат според кучешките правила.
Том бил гостин на Британското ТВ шоу „This Morning“ и таму објаснил како изгледа неговиот живот кога е во кожата на Далматинецот по име Спот. Тој вели дека костимот му помага да ја прифати целосната „личност“ на кучињата и понекогаш тој е и многу посветен на улогата. Том се труди на најавтентичен начин да живее како кучето Спот и затоа тој често спие во кафез, оди на четири нозе и јаде кучешка храна.
Спот се појавил во емисијата за да се шири свеста за неговиот прилично уникатен животен стил и за да може да се осврне на некои од заблудите што луѓето ги имаат за оние кои претпоставуваат алтернативни идентитети. „Луѓето мислат дека тоа е болно и дека никој не треба да го гледа. Но, ние не сме таму за да предизвикаме зло, ние сме таму за да се забавуваме и буквално да бидеме третирани како кученце.“, изјавил Том.
Како и секое друго домашно куче, Спот има човечки придружник во форма на неговата поранешна вереница Рејчел Вотсон. Иако Рејчел признала дека ја откажале веридбата во 2008 година поради бизарниот начин на живот на Том, таа инсистирала на тоа дека тие се „најдобри пријатели“. Таа потоа изјавила дека сега се поблиски отколку што биле кога биле во врска.
Рејчел, исто така, признала дека документарниот филм „Тајниот живот на човечките кучиња“, во кој Том учествувал помогнал таа да научи многу повеќе за Том и зошто тој и другите негови „другари“ го прават она што го прават.





