Овој слеп стафорд си добил сосптвено куче-водич, кој му помага во извршување на секојдневните задачи, како на пример да си ја најде чинијата со вода и храна. Амос стана неразделен од неговиот мал помошник Тоби, 9-годишен териер.

Сопственичката Џес Мартин вели дека Тоби ужива во улогата и постојано му помага на малиот пријател и го брани од останатите кучиња во паркот.

Џес која работи како менаџер за човечки ресурси во Пожарната и единицата за спасување, вели дека решила да го посвои Амос откако волонтирала во центар за згрижување во Манчестер. Таа знаела дека посвојувањето на Амос ќе биде отежнато, затоа што тој е роден слеп.

Таа веќе го имала малиот Тоби и првин се плашела како ќе го прифати новото големо куче, бидејќи Тоби бил многу доминантен. За среќа на нејзино изненадување кучињата одлично се согласувале, а Тоби ја прифатил својата улога на „дадилка“.

Сподели на Facebook
пати видено