Големата суша во Австралија ги уништи австралиските земјоделци. Голем број на семејства останале без нивниот основен приход, а сточарите изгубиле голем дел од животните. Помошта која ја добиле од владата не била доволна за да се надоместат загубите, но за среќа имало некој, кој и покрај тоа што сѐ уште оди во основно училиште, имал огромна желба да направи добро дело.

Џек Берн слушнал за сушите кога наставничката им објаснила за нив на еден од часовите. „Учевме за сушата и за земјоделците и слушнав дека има деца кои не одат на училиште за да помогнат на нивните фарми. Деца кои се на наша возраст! Ако можеме да собереме пари, мислам дека сите ќе можеме да се чувствуваме подобро за да им помогнеме на нашите пријатели на фармите.“, напишал 10-годишниот Џек на страната за собирање донации GoFundMe.

Неговата цел првин била да собере барем 200.000 долари преку кампањата „5 долари за фармер“ во која луѓето биле замолени да донираат барем 5 долари за овие загрозени семејства. Но, иницијативата на Џек се проширила на глобално ниво и тој успеал да собере 1 милион долари.

Џек и неговите соученици минатиот месец се облекле како фармери за да ја покажат нивната поддршка за овие семејства.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено