Бред Пит се смета за еден од најголемите „срцекршачи“ во Холивуд. Многу жени се лудо заљубени во овој 53-годишен актер, а многу мажи посакуваат да бидат како него. Често се вели дека имитацијата е најискрена форма на ласкање, а пластичната хирургија им олесни на луѓето радикално да го променат нивниот изглед. Овие двајца браќа потрошиле 20.000 долари за операции, во обид да изгледаат како Бред Пит.

На 21-годишна возраст, Мет и Мајк Шлеп од Аризона ја започнале нивната трансформација. Нивното патување било документирано во “I Want A Famous Face” на MTV, каде што биле прикажани обожавателите што одеа под ножот за да изгледаат како нивните омилени холивудски ѕвезди. Мет и Мајк сакале да изгледаат како Бред Пит за да имаат подобри шанси кај девојките, но пластучната хирургија не носи секогаш сигурни резултати и често луѓето не изгледаат така како што посакувале.

Всушност доказ за тоа е приказната за тинејџерката од Иран која што сакала да изгледа како поранешната сопруга на Бред, Анџелина Џоли, а резултатите од нејзините операции биле далеку од изгледот на актерката. Сепак трансформацијата на Мет и Мајк не била толку шокантна. Тие почнале да се „менуваат“ дел по дел и им биле потребни месеци да се опорават после секоја операција. Тие не можеле ниту да јадат самостојно.

Дали ја гледате сличноста помеѓу близнаците и Бред Пит? Тие изјавиле дека се многу среќни и задоволни од операциите и дека сега запознаваат повеќе девојки.

Мет изјавил: „Ова вредеше! Ќе го повторам и 10 пати ако треба. Дефинитивно ми помогна да најдам повеќе девојки. Чекорам и гледам како девојки се вртат по мене и го слушам нивното шепотење. Имав толку драматична промена што девојките со кои не сум се слушнал долго време не можат да престанат да зјапаат и велат дека сакаат да заплачат! Ако тоа не прави да се чувствуваш добро, што друго би направило?“

Иако Мет и Мајк се уверени дека сега Бред Пит е нивниот трет близнак, сепак нивната промена е далеку од драматична за разлика од девојката која сакала да изгледа како Анџелина. Сепак таа имала над 50 пластични операции и драстично ја намалила тежината за да изгледа како Џоли. На фотографијата подолу можете да видите како изгледала пред операциите.

Сподели на Facebook
пати видено