Овие девојки заработуваат повеќе од поголемиот дел од луѓето и тоа го прават во удобноста на нивниот дом. Челзи или како што е позната во гејмерскиот свет „XMINKS“ и Катлин позната како „LOSERFRUIT“, раскажуваат за нивните искуства го гејмерскиот свет, кој што до неодамна беше резервиран само за мажите.

Челзи заработува и до шест цифри од претплатници и спонзори. Таа има 350.000 следбеници кои ја гледаат како игра во живо на платформата Twitch.tv.

„Тие уживаат да Ве гледаат, Вашиот карактер и начинот на кој што комуницирате со нив. Повеќе се дружам со нив отколку што играм.“, вели Челзи. Таа има диплома по фармација, но вели дека откако ја заменила иглата со слушалки заработува многу повеќе. Според неа ова е работа од соништата.

Но Катлин вели дека била жртва на малтретирање од страна на машките гледачи.
„Понекогаш станува навистина жешко. Глупави изјави како „не си добра затоа што си женско, курва која што бара внимание, каде живееш?, имаш убаво тело, би сакал да те видам гола“ и слично. “, вели Катлин.

Таа вели дека некои од нејзините пријатели биле матретирани и надвор од виртуелниот свет, но тие случаи не се чести. Катлин освен од претплатниците добива пари и од донации кои и ги подаруваат луѓето на кои „им се допаѓа“. Нејзините донации изнесуваат од 1.000 до 5.000 долари. Според Катлин оваа индустрија цвета па дури и излегува надвор од контрола.

Сподели на Facebook
пати видено