Во Тихиот океан се одвива најголемото чистење со цел да се соберат до 70.000 килограми ѓубре во првата година и евентуално да се исчисти и Големиот Пацифички отпад.

Ocean Cleanup, непрофитна организација предводена од холандскиот пронаоѓач Бојан Слат, го распореди својот амбициозен систем од 20 милиони американски долари во саботата на заливот на Сан Франциско за тестирање од неколку недели пред официјално да се постави.

Во водата бил поставен проектот во форма на U, долг 600 метри и како ќе биде туркан од струите ќе го „јаде“ ѓубрето како во играта Пекмен и ќе го задржи во неговата структура. Во рок од пет години, организацијата се надева дека системот наречен System 001 ќе исчисти половина од Големиот Пацифички отпад и огромната количина на ѓубре меѓу Калифорнија и Хаваи, кое се состои од околу 1,8 трилиони парчиња расфрлани остатоци и најмалку 87.000 пластика.

Ѓубрето е толку масивно, што може да се забележи од вселенските сателити и се протега на 1,6 милиони квадратни километри. Откако структурата ќе се исполни со ѓубре, пловеќки објект ќе дојде да ја собере пластиката и потоа да ја транспортира до копното за сортирање и рециклирање. Ако се оди според планираното System 001 ќе биде однесен до Големиот Пацифички отпад до средината на октомври.

Структурата исто така има и специјална мрежа од 3 метри за да ги опфати отпадоците под водата. Мрежата е кратка за да можат рибите да пливаат под неа.

Ocean Cleanup е основана во 2013 година од страна на Слат, кој имал само 18 години во тоа време. Сега на 24, тој се надева дека технологијата ќе ги „ослободи светските океани од пластика“. Системот Ocean Cleanup е прв од ваков вид и прв обид на компанија да го исчисти ѓубрето во голем обем.

Сподели на Facebook
пати видено