Римјаните победиле многу војски и освоиле многу држави, но тие не успеале да ја победат природата. На 24 август, 79 година од н.е. Везув еруптирал катаклизмично и го избришал целиот град Помпеја, предизвикувајќи катастрофа од библиски пропорции. Силата на ерупцијата и последиците можеле да се споредат со оние на атомските бомби кои беа фрлени врз јапонските градови Хирошима и Нагасаки за време на Втората светска војна.

Вулканот бил заспан со векови, но тоа се сменило кога Везув буквално го разнел врвот и го потопил градот Помпеја и соседните градови Херкуланеум, Оплонти и Стабија во жечка пепел и пемза, убивајќи илјадници луѓе. Сето тоа се случило толку брзо што градот Помпеја останал на некој начин замрзнат во времето, со илјадници граѓани погребани во пепел повеќе од 1.700 години, се до почетокот на ископувањата на локалитетот.

Разурнувачката вулканска ерупција, која произвела значителна количина на пепел и стопени остатоци, овозможила телата на загинатите да бидат зачувани заедно со нивните куќи, уметност, накит, записи и други историски значајни артефакти. Она што го знаеме денес за големата ерупција е најмногу благодарение на извештајот на човекот познат како Плиниј Помладиот, кој го следел овој трагичен настан од другата страна на заливот на Наполи во Мисенум.

Живописниот извештај за оваа природна катастрофа е обезбеден од писмата што Плиниј Помладиот му ги пишувал на познатиот историчар на Римската империја, Тацит. Писмата на Плиниј Помладиот се зачувани низ вековите и ни нудат детален опис на настаните околу градот Помпеја, Везув и смртта на неговиот чичко. Неговиот извештај јасно ни кажува дека ерупцијата на вулканот ги изненадила сите. Тој вели дека неговата мајка била онаа која прва го забележала „облакот со необична големина и изглед“.

Опишувајќи го облакот, тој додава: „Облакот се издига од една планина на големо растојание што не можевме да определиме од каде доаѓа, но потоа дознавме дека тоа е Везув. Најдобро можам да ја опишам неговата форма со тоа што ќе го споредам со бор. Тој се зголеми во небото на многу долго „стебло“ од кое се шират неколку „гранки“. Претпоставувам дека тоа беше предизвикано од ненадејна експлозија, која потоа ослабе, оставајќи го облакот неподдржан, така што неговата тежина предизвика да се шири настрана. Некои облаци беа бели, во други делови имаше темни дамки од нечистотија и пепел.“

Некогаш енергичниот римски град бил целосно проголтан од пепел и лава и така останало со векови пред конечното откривање на локацијата кон крајот на 1500-тите. Фазата на истражување почнала некое време подоцна во средината на 18-тиот век и за изненадување на археолозите, градот бил полн  со скелети на жртвите на ерупцијата замрзнати во последните моменти од нивниот живот и зачувани од слоевите на пепел кои ги опкружувале.

Висококвалитетен малтер бил ставен во шуплините, со што биле направени детални одливи на граѓаните на Помпеја кои ги загубиле животите за време на катастрофалната ерупција.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено