Јапонска компанија наречена Astro Live Experiences планира да лансира сателит кој ќе го произведе првиот вештачки метеорски дожд.

Сателитот е експериментален прототип за кој компанијата се надева дека ќе ѝ помогне да се подготви за својата прва серија на „Sky Canvas“ во близина на Хирошима во 2020 година.

Сателитот е натоварен со илјадници мали пелети кои ќе се запалат додека се спуштаат низ атмосферата, оставајќи долги, блескави патеки кои личат на ѕвезди што паѓаат. Според компанијата секоја пелета ќе се запали кога повторно ќе влезе во атмосферата и планот е да се добие „романтичен“ метеорски дожд.

Научниците од Astro Live тврдат дека пелетите целосно ќе се распаднат иако постојат стравувања од другите научници дека можат да им наштетат на некои сателити. Ризиците настрана, овој прототип и шоуто „Sky Canvas“ покажаа дека уметноста ја премина последната граница.

Без разлика дали сте дете кое сака да си замисли желба од ѕвездите кои паѓаат или млад љубовник кој ужива во романтична вечер, има ли нешто поубаво и стравопочитувачко од гледање како „технолошко ѓубре“ го осветлува ноќното небо?

„Се надевам дека нашите вештачки метеори ќе помогнат да се направат нови откритија во науката и дека ќе ги соберат и ги забавуваат луѓето под ноќното небо.“, изјавил извршниот директор на Astro Live Experiences, Лена Окаима, во неодамнешното соопштение за медиумите.

Не е точно јасно како оваа шоу ќе придонесе за науката, така што небото ќе се исполни со запаливи отпадоци.

Сподели на Facebook
пати видено