Не сме сите родени под среќна ѕвезда, некои од нас имаат помалку, а некои повеќе среќа, а некои пак се целосни баксузи на кои од време на време им се случува по некое фијаско.

Таква била субината и на овој заштитнички настрон татко, кој само го сакал најдоброто за своите деца. Еве ја приказната која тој ја споделил на социјалните мрежи:

„Во текот на изминатата недела моите 7-годишни синови близнаци ми кажуваа за морничав маж кој седел на паркингот до училиштето и зјапал во нив. Оваа утро конечно преземав иницијатива и се јавив во училиштето. Тие ме уверија дека ситуацијата ќе биде решена.

А еве колку сум всушност глупав: правам електрични поправки во една зграда во близина на училиштето на моите синови и секој ден го паркирам службеното комбе на училишниот паркинг за да појадувам таму и да го користам нивниот интернет. Јас им мавтам на моите синови додека излегуваат од зградата на училиштето за да влезат во зградата каде што е кафитеријата за време на појадок.

Ако сфативте дека јас сум „манијакот“ кој јас го пријавив, ви честитам, официјално сте попаметни од мене. Јас не сфатив додека 3 полициски автомобили не ме опкружија на паркингот.

Излезе дека бидејќи момчињата никогаш не го виделе моето службено комбе, а јас носев шапка и очила за сонце тие никогаш не сфатиле дека тоа сум јас.

По 30-минутен разговор со полицијата и директорот на училиштето сфатија дека сум безопасен морон и ме пуштија. Сепак ме замолија да не го паркирам комбето повеќе таму.“

Сподели на Facebook
пати видено