Рускиот авантурист Васили Гусев отпатувал до фантастичното плато Бермамит во југозападната руска република Карачај-Черкезија. Сметал дека тоа е идеално место за фотографирање на полната месечина која овој месец беше најблиску до Земата од 1948 година наваму.

Своите фотографии ги објавувал на интернет, а на патувањето со себе го повел и својот четиригодишен син и неколку пријатели. Нив ги оставил да спијат во шаторот додека тој возел наоколу барајќи ја совршената глетка кон супермесечината.

gus

На враќање кон местото каде што кампувале излетал од карпа. Неговиот уништен автомобил бил најден во близина на селото Нижнаја Теберда околу четири часот наутро кога неговите пријатели кренале тревога бидејќи не се вратил. Гусев бил жив кога го нашле спасителите, но за жал починал на патот кон болница.

Сподели на Facebook
пати видено