Зоран Заев оди на посета на Велика Британија и кралицата го кани на чај. За време на средбата, Заев ја прашува кралицата која е тајната на успешниот политичар. Кралицата му одговара:
– Многу е просто, треба само да си опкружен со интелигентни луѓе!
Заев прашува:
– А како се познава дали некој е интелигентен или не?
– Многу едноставно – му одговара кралицата – треба само да му се зададе соодветно прашање, еве сега ќе ви покажам.
Кралицата го зема телефонот, притиска на копчето за да може и Заев да слуша и му ѕвони на министерот за надворешни работи.
– Ало министре, ќе ви поставам едно прашање. Мајка ви има син, татко ви исто така има син, но тој син не ви е брат. Кажете ми кој е тој син?
– Очигледно е, Ваше Височество, дека тоа сум јас – одговорил министерот.
– Точно, ви благодарам – рекла кралицата, ја спуштила слушалката и му се обраќа на Заев:
– Разбравте ли сега г-не Заев?
– Да, Ваше Височество, разбрав!
Се враќа Заев во Македонија, го повикува Никола Димитров и го прашува:
– Абе Димитров, мајка ти има син, татко ти исто така има син, но тој син не ви е брат. Знаеш ли кој е тој син?
Димитров се мачи да одговори и вели дека му треба време да размисли добро за да одговори точно на прашањето. Потоа излегува од кабинетот и почнува да ги прашува сите министри по ред. Никој не го знае точниот одговор. Продолжува со пратениците, и тие штама, сите се чудат. После неколку часа консултација со колегите, на Димитров му текнува да го праша ректорот на скопскиот Универзитет.
– Г-не ректор, може ли да ве прашам нешто?
– Се разбира г-не Димитров!
– Мајка ви има син, татко ви исто така има син, но тој син не ви е брат. Кажете ми кој е тој син?
– Многу е јасно дека тоа сум јас – одговара ректорот.
Задоволен и среќен, Димитров трча кај Заев да му го каже одговорот.
– Премиере, го знам одговорот на прашањето, тоа е ректорот на Универзитетот.
– Не бе глуп, каков ректор, тоа е министерот за надворешни на Велика Британија.

Сподели на Facebook
пати видено