Сите сме слушнале дека медот и лимонот можат да помогнат за смирување на кашлицата. Но, сега водечки експерт за кашлица и респираторна медицина верува дека чоколадата е уште подобра. Проф. Алин Морис, кој е основач на меѓународното здружение за проучување на кашлицата, тврди дека зад ова негово тврдење стои истражување кое го докажува.
Ова докажува дека новиот лек кој содржи какао е подобар од стандардниот линктус. Директната споредба покажува дека пациентите коишто земаат лекарства врз основа на чоколада за само неколку дена постигнуваат значително намалување на симптомите.
Во студијата, која е наречена РОКОКО, биле опфатени 163 пациенти, а резултатот од истата ќе биде објавен во журнал во текот на следните дванаесет месеци.
Ова не е првото истражување кое покажува дека чоколадата ја смирува кашлицата. Претходно истражувачи Кралскиот колеџ во Лондон откриле дека теоброминот, алкалоид во какаото, е подобар во намалувањето на кашлицата од кодеинот, кој е воспоставен како основна состојка во лековите против кашлање. Ова се должи на поголемата лепливост и вискозност, поради што формира обвивка која ги заштитува нервните завршетоци во грлото со чиешто надразнување се јавува кашлицата. Ова објаснува зошто медот и лимонот, како и други шеќерести сирупи, ги олеснуваат симптомите, но експертите сметаат дека чоколадата е уште поефикасна.