Од јадењето правилна храна и усвојувањето на определени секс пози, има една многу пообична мудрост за двојките коишто сакаат да ги зголемат шансите да имаат бебе. Една популарна идеја е дека мажите треба да апстинираат определено време од секс за да го зголемат количеството на сперма и да ја зголемат својата потенција. Но, едно истражување изведено во болницата Норт Мидлсекс во Лондон, се чини дека оваа теорија ќе ја сврти наопаку, со своите наоди коишто сугерираат дека имањето сексуален однос двапати во еден час тројно ги зголемува шансите мажот да стане татко. Се смета дека вториот пат е од пресудно значење.
Кога група мажи со потрпосечна плодност произвеле два примероци на сперма во рамките на еден час, вториот примерок кој бил употребен во третманот резултирал со стапка на успех од 20 отсто, повеќе од три пати од очекуваните 6 отсто успешни резултати.
Петнаесет од жените веднаш забремениле а дополнителни десет забремениле кога оваа техника на забременување била спроведена во нивниот период на плодност, еден месец подоцна, со што севкупната стапка пораснала на триесет и четири отсто. Експертите велат дека овие резултати го оспоруваат митот дека мажите треба да „штедат“ сперма за да добијат бебе. Истражувањето било дел од проект во кој се споредувале различните пристапи на вештачко оплодување.
Покрај тоа, дополнителни истражувања покажале дека возењето велосипед може да го намали количеството и квалитетот на спермата. Се верува цитокини, супстанции во крвта кои ги пренесуваат пораките помеѓу клетките, кои се испуштаат како одговор на воспалување, исто така се испуштаат и при напорно возење велосипед, кога телото се наоѓа „под стрес“. Се смета дека прекумерното ниво на цитокини ја оштетува спермата. Во неодамнешното проучување, дваесет и четири мажи биле вклучени во велосипедска програма во траење од четири месеци и добиле упатство секој ден да вежбаат на фиксен велосипед, при што се зголемувал отпорот со секоја недела. Велосипедистите морале да продолжат сѐ додека не го достигнат максимумот на нивните можности. Резултатите објавени во Клиничкиот Журнал за Спортска Медицина покажуваат дека има намалување во бројот и подвижноста на сперматозоидите. Исто така, имало зголемено ниво на цитокини, кои останале на тоа ниво дури и по триесет дена закрепнување и одмор од возењето велосипед.
Определени цитокини учествуваат во образувањето на сперматозоидите, и кога нивното ниво е прекумерно, тоа може да ја оштети мембраната на сперматозидите, што ја менува нивната форма и функција. Покрај тоа, на намалувањето на квалитетот на спермата влијае и тешката физичка активност, која вообичаено се спроведува во тесна облека и долг период на седиште, со што се загреваат тестисите – што дополнително ја оштетува спермата и го спречува формирањето на сперматозоиди.