Багравија, Судан -Повеќе од 200 километри од Картум, главниот град на Судан, се издигнуваат остатоци од древен град среде пустиот и негостољубив терен кој наликува како сценографија од научно-фантастичен филм. Вгнездени меѓу песочните дини, осамените пирамиди како да се заборавени од современиот свет и крај нив нема ни ресторани ни хотели во кои би можеле да се сместат љубопитните туристи.

Околу 1000 г. пр. н.е., по падот на 24-тата египетска династија, во регионот на средното течение на Нил се издигнало нубиското кралство Куш. Кралевите на Куш го освоиле Египет и со него владееле од 712 до 657 г. пр.н.е. кога престолнината како и кралското погребно место било пренесено во регионот Мерое, каде што продолжила фараонската традиција на градење пирамиди во кои биле запечатувани гробниците на владетелите.

Нубиските пирамиди се многу помали, но се исто толку впечатливи колку и познатите египетски приамиди. Се наоѓаат на источниот брег на реката Нил, во близина на група села наречени Баграфија. Пирамидите го добиле своето име по древниот град Мерое, престолнината на кралството Куш, кое се наоѓало во денешен Судан.

sd01 sd02 sd03 sd04 sd05 sd06 sd07 sd08 sd09 sd10

Сподели на Facebook
пати видено