Некои од овие производи и услуги се бизарни, но луѓето сепак „полуделе“ по нив и овие необични бизниси почнале да „цветаат“.

Почетна страница од милион долари

Оваа генијална идеја потекнува од британскиот студент Алекс Тју, кој барал начин да собере пари за факултет. Тој создал почетна страна од сочинета од еден милион пиксели и одлучил да го продаде секој пиксел по цена од по 1 долар, за купувачите да си обезбедат своја сопствена слика. Самата веб-страница можеби изгледа хаотична, но Алекс заработил вкупен износ од 1.037.100.100 американски долари од јануари 2006 година.

Догли

Кога Рони Ди Луло дошол до идејата за „кучешки“ заштитни очила многу малу луѓе верувале во него, но неговата компанија заработува повеќе од 3 милиони долари годишно во продажбата, при што очилата чинат 19,99 долари. Идејата на Рони била усвоена и од армијата на САД за заштита на очите на армиските кучиња во Ирак.

Ешли Медисон

Овој веб-сајт им помага на луѓето да си пронајдат партнер, но проблемот е што тие луѓе веќе имаат еден. Со годишен профит од околу 20 милиони долари, тој ги поттикнува жените и мажите да имаат афера и ги поврзуваат. Со 8,5 милиони членови, Ешли Медисон може да биде критикуван за она што го промовира, но не и поради неговата популарност. Творецот, Ноел Бидерман некако успеал да се смири со својата сопруга откако ја изневерил, па дури и ја натера да се прикаже во рекламите на компанијата.

Ласерски монаси

Во 2001 година, група монаси од руралниот Висконсин почнаа да продаваат ласерски принтери и други канцелариски материјали, заедно со понудата на молитва. Компанијата, која го користела монашкиот дом од 15.000 метри квадратни за да работи на својот бизнис, оствари продажба од 3,5 милиони долари во 2009 година, пред да биде продадена во 2011 година за 2,6 милиони долари.

Doody Calls

„Doody Calls“ е служба која што чисти по Вашето куче за да не морате Вие да го правите тоа. Нејзината популарност започнала веднаш по основањето во 2000 година од страна на Џејкоб и Сузан Дианило. Компанијата има вкупен приход од 4,5 долари годишно.

Ј и Д  Храна

Ова се производи кои имаат вкус на сланина. Компанијата која е формирана во 2007 година продала над 20.000 тегли од своите производи во првите 5 месеци.

Луксузен хотел за мачки

Лонгкрофтс е луксузен хотел со пет ѕвездички за мачки и им дава луксузен мал одмор од нивните сопственици. Компанијата сега има 4 хотели и заработка од 180.000 долари годишно.

Сподели на Facebook
пати видено