Москва е главниот и најголем град во Русија. Москва е град на контрасти во секој смисол; спој помеѓу древното и современото, помеѓу мирниот живот во бројните зелени паркови и бурниот градски живот. Зимата во овој град знае да биде остра и студена, но исто така може да биде и волшебна – особено ако ја погледнете со очите на фотографот Кристина Макеева. Таа успеала да го слика градот како да е зимска земја на чудата. Нејзините фотографии прикажуваат места како Црвениот плоштад и Кремлин, прекриени со снег и искапени во живописни светла, додека по нив минуваат бројни луѓе. Како да гледате во слики извадени директно од бајка.

Секоја слика се одликува со силен личен стил, наоѓајќи совршена рамнотежа помеѓу острите линии, постојаното движење на луѓето и преизложените сцени. Уживајте во прекрасните Божиќни глетки од Москва.

msk01 msk02 msk03 msk04 msk05 msk06 msk07 msk08 msk09 msk10 msk11 msk12 msk13 msk14 msk15 msk16 msk17

Сподели на Facebook
пати видено