Мишел Плум сакала да пронајде уникатен начин на кој ќе си го прослави 36-тиот роденден. И откако подолго време се мислела на ум ѝ дошла една прилично необична идеја.

Бидејќи во изминатиот период била преплавена од свадби решила и таа да си направи една, за да покаже дека е „самостојна и независна жена“.

36-годишната жена си облекла венчаница, а на своите гости им кажала да ги облечат најгрдите фустани за деверици и кич комсуми за свадби. На видеото од нејзината „венчавка“ се гледа како Мишел се шета по градот, а зад неа ја следат девериците.

Мишел, писателка од Хоршам, Западен Сасекс, ги минала 20-тите години од нејзиниот живот како самохрана мајка и не можела да замисли подобар начин да го прослави својот роденден, за да покаже на пријателите и семејството дека е независна жена и да внесе самобоверба кај нејзината ќерка.

Во поканата за нејзината венчавка Мишел си „честита за тоа што успеала до тука без да се омажи за некого“, додавајќи:

„Бидејќи не планирам да го направам тоа навистина, решив да си направам свадба.“ Целата вечер за време на нејзината свадба таа играла по барови и на крајот си купила храна од ресторан за брза храна.

Сподели на Facebook
пати видено