Во ноќта 14-15 април 1912 година, британскиот прекуокеански брод, Титаник, кој тргнал од Саутхемптон до Њујорк, потонал откако удрил во санта мраз. На бродот имало повеќе од 2.000 патници, а 1517 патници загинале.

Повеќето од нас слушнале за оваа трагедија од истоимениот филм на Џејмс Камерон, но вистинските приказни за патниците на Титаник не се помалку драматични од приказната за сензационалниот блокбастер.

Имигрантите од Германија Исидор и Ида Штраус живееле заедно речиси 40 години. Тие се запознале во САД, каде што нивните семејства се преселиле и се венчале во 1871 година, кога Исидор имал 26 години, а Ида 22 години. Семејството Штраус било многу богато. Исидор заедно со својот брат бил ко-сопственик и основач на една од најголемите американски трговски мрежи „Macy’s“ и активно учествувал во трговскиот и политичкиот живот на САД. Двојката била неразделна. Ида честопати го придружувала својот сопруг на неговите патувања, а кога биле разделени, си пишувале писма едни на други.

Исидор и Ида не ги криеле своите чувства во јавноста. „Многумина ги виделе како се држат за раце, се бакнуваат и се прегрнуваат, што за луѓето од нивниот статус било едноставно незамисливо“, изјавил правнукот на парот Пол Курцман.

Зимата во 1912 година двојката поминала во Европа. Назад кон дома, тие одлучиле за супермодерниот за тие времиња, Титаник. На 10 април се качиле на бродот, а на 14 април му испратиле телеграма на нивниот син со текст: „Добро патување, добар брод, се чувствуваме добро. Што има ново кај вас.“

За жал ова патување за Штраус било фатално. Екипажот на бродот не бил подготвен за вонредна ситуација: евакуацијата била лошо организирана, и првите чамци за спасување го напуштиле полупразни бродот, иако во нив имало доволно места само за половина од патниците.

Првин биле евакуирани жените и децата, но Ида одбила да го напушти бродот без нејзиниот сопруг. Од почит за возраста и статусот на парот, еден од членовите на екипажот им рекол да влезат заедно во бродот за спасување. Но, кога Исидор сфатил дека нема да има доволно место за сите во чамците, решил да остане на палубата. „Додека не видам дека сите жени и деца седат во чамци, јас нема да се качам во чамец.“, рекол тој.

Тој се обидувал да ја убеди Ида да се спаси, но таа му одговорила: „Ние живеевме заедно толку многу години, каде си ти, таму сум и јас.“ Нејзиното место во чамецот Ида Штраус, го дала на нејзината слугинка Елен Берд, а исто така ѝ го дала и палтото, со зборовите: „Мене повеќе нема да ми треба.“

Подоцна, Елен, заедно со другите преживеани патници на Титаник, постојано им ја раскажувале оваа приказна на новинарите, сеќавајќи се на Ида и Исидор Штраус како пример за најголема љубов и посветеност.

„Г-ѓа Штраус можеше да биде спасена, но таа одби да го напушти нејзиниот сопруг. Нашиот чамец отплови од бродот последен, и ги видовме г-дин и г-ѓа Штраус како стојат на палубата прегрнати. Светла на Титаник загнуваа, бендот го свиреше нивниот последен марш, но сликата на постарата двојка, како заедно го чекаат крајот, секогаш ќе остане потрогателен момент од оваа ужасна катастрофа.“, изјавила госпоѓица Шаберт, која успеала да избега од бродот заедно со нејзиниот брат.

Телото на Исидор наскоро било пронајдено од еден од бродовите за пребарување и предадено во Њујорк. Бил погребан на гробиштата Вудлон во Бронкс. Телото на Ида никогаш не било пронајдено. Во спомен на неа, надгробен споменик бил подигнат и за неа на гробот на нејзиниот сопруг, на кој бил врежан цитат од Песна над песните или „Песната на Соломон“: „Големите води не можат да ја изгаснат љубовта, а реките не можат да ја потонат.“

Патем, Џејмс Камерон сепак уште им оддал почит на Штраус во неговиот филм. Но, сцената во која Исидор се обидува да ја убеди неговата сопруга да се качи во чамецот, на крајот била отстранета од филмот. Во него има само еднен кадар, каде што Исидор и Ида лежат во нивната кабина, која постепено се полни со вода.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено