Законите на џунглата често се брутални, но изгледа истото важи и за авторските права. Со години фотограф на диви животни бил влечен по судовите во Америка, за тоа дали поседува или не авторското право на фотографија од мајмун, кој наводно самиот се фотографирал и си направил селфи.

Сега, случајот стигнал до 9-тиот Апелационен суд, воден од здружението за етички третман на животните ПЕТА, кои тврдат дека го застапуваат мајмунот, а додека фотографот банкротирал. Иако судиите претходно пресудиле дека мајмунот не може да ги поседува авторските права, ПЕТА се жалела на оваа одлука.

Битката за сопственост на фотографијата започнала пред неколку години, кога сега „озогласениот“ портрет фотографиран од црн макаки во Сулавеси, бил објавен на Википедија без дозвола. Фотографот Дејвид Слејтер се спротивставил на тоа и тврдел дека Википедија ја украла неговата фотографија, а од Википедија се бранеле дека мајмунот сам се фотографирал и тоа не е дело на Дејвид.

Потоа, ПЕТА одлучила да го земе случајот и да го претставува мајмунот откако Слатер ја искористил сликата во книга за неговите фотографии од дивиот свет. Тие го тужеле Слејтер за кршење на законите за авторски права. ПЕТА побарала со судска наредба да се администрираат сите приноси заработени од сликата во име на мајмунот и да се користат за зачувување на видот и покрај тоа што нема претходни интеракции или докажан интерес за овие фотографии.

Така почнала долгата но и смешна правна битка за „селфи“ на мајмунот. од ПЕТА тврдат дека мајмунот кој се сликал себеси со притискање на копчето знаел што прави, а исто така има уметничка сопственост на фотографијата. Слатер, од друга страна, вели дека поминал три дена во шумата, стекнувајќи доверба од мајмуните и поставувајќи камери што на крајот резултирало со самоиницијација и дека тоа немало да се случи без неговиот труд.

Дејвид Слејтер

Всушност борбата на ПЕТА не е дали мајмунот е оригиналниот автор на фотографијата или не. Организацијата за правата на животните го преземала случајот главно во обид да постави преседан за животно да може да поседува имот и да се третира како човек во очите на законот.

Тие изјавиле: „Ако оваа тужба успее, тоа ќе биде прв пат кога не-човечко животно е прогласено за сопственик на имотот, наместо тоа самото да биде прогласено за парче имот.“ Мајмунот не бил под закана да стане сопственост, а давањето право на сопственост не ја менува ситуацијата. Меѓутоа, сето тоа резултирало со банкрот и уништување на човек кој се обидувал да заработи за живот како фотограф на диви животни, истакнувајќи ги маките на загрозените макаки.

Сподели на Facebook
пати видено