Бони Кимбал била вработена во менза на училиште во Њу Хемпшир. Таа вели дека 5 години чесно си ја извршувала должноста, но пред еден месец била отпуштена од страна на снабдувачот на храна во регионалното средно училиште во Маскама Долината.

Отказот следел откако Бони му дала ручек на ученик кој немал пари да плати за него. Во писмото од компанијата од која била отпуштена тврделе дека не можат да кажат зошто конкретно била отпуштена, но дека има врска со тоа што во повеќе наврати не земала пари од ученици.

Додека била вработена Бони работела на касата каде наплаќала за оброците и била задолжена да продава сладолед и цедени сокови. Во училиштето имало 326 деца.

Еден ден пред да добие отказ во мензата дошло момче кое немало да плати, а Бони му шепнала пред касата: „Кажи ѝ на мајка ти дека ти требаат пари.“

Шефот ја прашал што имало во чинијата на момчето и влегов во кнцеларијата. Наредниот ден Бони била повикана во неговата канцеларија каде што била известена дека е отпуштена, иако договорот со фирмата не завршил.

Колегите на Бони, како и родителите во училиштето почнале да се бунат поради отказот, бидејќи сите сметаат дека Бони е добра личност, а некои од колегите доброволно дале отказ во знак на протест. Жената поднела жалба, но резултатот сѐ уште не се знае.

Сподели на Facebook
пати видено